Општина Прилеп почнува со средби со граѓаните за подготовка на буџетот за 2027 година.
Општина Прилеп започнува со средби со граѓаните во рамките на процесот на консултации за подготовка на Буџетот на Општина Прилеп за 2027 година.
Целта е преку отворен дијалог да ги слушнеме потребите на нашите сограѓани, нивните предлози и идеи, заеднички да ги утврдиме приоритетите и да придонесеме за подобрување на условите за живот во сите населби.
Вечерва, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи средба со жителите на урбаните заедници Аличаир, Вишне и Ѓогдере, во просториите на Општина Прилеп.
Ги покануваме сите жители активно да се вклучат, да ги споделат своите предлози и да дадат придонес во креирањето на буџетските приоритети за нашата општина.
Вашето мислење е важно. Заедно ги планираме приоритетите и создаваме подобра општина за сите!
Информацијата за средбата е објавена на Фејсбук-страницата на Општина Прилеп само пет часа пред нејзиниот почеток.


