УЧЕНИЦИТЕ ОД „ОРДЕ ЧОПЕЛА“-ПРИЛЕП БРОНЗЕНИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
Учениците: Амина Ефатоска, Стефан Николоски, Алексеј Сркески, Ана Марија Блажеска и Меланија Боцеска, како дел од тимот EKO FARM, под раководство на менторот-професор Ѓорѓија Гагалески, со својата бизнис идеја „ЕКО ФАРМА со кулинарска лабораторија“ освоија ТРЕТО место на првиот Climathon одржан во Битола кој го организира CEED Hub Skopje во партнерство со Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.



