Општина Прилеп издвои 2.000.000 денари од својот Буџет за субвенции за 395 граѓани кои што купија велосипеди
Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои што купија велосипед! Оваа мерка е дел од проектите на Општина Прилеп за подобрување на квалитетот на животната средина во Прилеп и здравјето на луѓето.
Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои што купија нови велосипеди, во рамките на мерката за подобрување на квалитетот на животната средина во Прилеп.
Инаку, право на аплицирање, по јавниот повик, имаа сите граѓани на Општина Прилеп кои имаат купено нов велосипед од 12.06-12.07.2023 година и ги имаа поднесено соодветните потребни документи за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед.
Средствата што Општина Прилеп ги субвенционираше беа во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари. За оваа намена општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 2.000.000 денари, а субвенционирањето се одвиваше по принципот – „прв дојден, прв услужен “ и траеше до исцрпување на предвидените финансиски средства наменети за оваа општинска мерка или до завршувањето на рокот за поднесување како што беше случај оваа година.
“Субвенцијата подразбираше покривање на дел од трошоците, а целта е стимулирање на граѓаните на општина Прилеп за користење велосипед како превозно средство, особено низ градот, со што значително би се придонесело кон зачувување на животната средина и намалување на загадувањето предизвикано од сообраќајот.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.