Пони и Дедо Мраз за најмалите кај старата битолска чаршија
Кај дрвеното мовче на влезот на старата битолска чаршија, на 2, 3 и 4 јануари, од 12:00 до 14:00 часот, најмладите ќе имаат можност да уживаат во вистинско празнично доживување.
Во организација на Зоолошката градина од Битола и Порталот „Бабам Битола“, се подготвува посебен настан кој ветува радост и насмевки. Најслаткиот празничен гостин – пони облечено како од бајка – ќе биде главната атракција, а Дедо Мраз ќе се погрижи за уште поголема магија и празнична атмосфера.
„Донесете добро расположение, вашите најмили и фотоапарат, и подгответе се за незаборавни моменти,“ порачуваат организаторите.
Настанот е дел од „Зимска Приказна“