ОПШТИНА НОВАЦИ ОБЕЗБЕДИ ТАБЛЕТИ ЗА ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ
Се со цел подобро образование за своите ученици, општините секоја година се стремат да ги подобрат условите во училиштата кои се под нивна надлежност.
Па така и оваа учебна година набавени се 21 таблет за децата од четврто одделение при ЦОУ „Славко Лумбарковски“ со цел непречено следење на наставата по новата програма концепција за основно образование, на иницијатива на градоначалникот Стевче Стевановски и Советот на Општина Новаци.
Образованието е е „пренесена надлежност“ од централно на локално ниво и општините се надлежни за основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта (во соработка со централната власт), превоз, исхрана на ученици и сместување во ученички домови (член 22, точка 8 од ЗЛС)