|

Виртуелна 3Д тура низ КРУШЕВО

Крушево со 1.350 метри надморска височина, претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. Крушево прв пат се спомнува во историските извори од 1467 година, како мезра т.е. село во состав на имотот на Хусеин бег…  Истражувајќи ќе пронајдете многу податоци за овај град, но доколку сакте да го посетете макар и Виртуелно тоа можете на следниов линк  https://vrport.viewin360.co/share/collection/7vTp2?logo=bWVkaWEvNTM5OTMvNjQ0OS0zYjUwLTkxODEtNDU2OC5wbmc=&info=0&logosize=200&fs=1&vr=1&zoom=1&gyro=0&thumbs=1

Оваа Виртуелна 3Д тура низ КРУШЕВО е направена како помош на бизнисите тешко погодени од корона кризата, меѓу кои и бизнисите во туризмот. Европската банка за обнова и развој European Bank for Reconstruction and Development (EBRD), со донаторски средства од Норвешка, а во соработка со Невладината организација “Здружение за туризам и угостителство” од Крушево  https://feelkrusevo.mk/ поддржа подготовка на промотивен материјал преку 360 виртуелни тури низ Крушево и неговата околина. Оваa невладина организација здружува микро и мали компании, како и поединци вклучени во туристичката дејност- имено, преку 80% од регистрираните компании во Крушево и околината се занимаваат со туризам и се клучни за опстанокот и развојот на општината.

и посетете го Крушево кој е град на културата за 2023 година.

Слични Објави