Во Ресенско ослободена мечка заробена во криволовна стапица
Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) информираше дека преку единствениот број за итни случаи 112 беше пријавен инцидент во кој диво животно, најверојатно мечка, било заробено во криволовна стапица поставена во атарот помеѓу селата Љубојно и Брајчино, во Општина Ресен.
Пријавата за инцидентот беше доставена од локален жител кој во близина на мостот на Брајчинска Река го чул гласното рикање на животното, што го довело до претпоставката дека станува збор за мечка.
По итната интервенција на надлежните органи, од кои беа вклучени Граничната полиција од Маркова Нога, полициската станица Ресен, концесионерот на ловното друштво, како и ветеринар од Националниот парк Пелистер, мечката беше успиена и ослободена од замката без повреди.
Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река. За оваа ситуација, од страна на ЦУК веднаш е известена гранична полиција од Маркова Нога, полициска станица од Ресен, концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.
Убиството на заштитени видови како мечка, срна, е строго казниво со закон, како и поставување на стапици за кои казната е до 5000 евра, посочуваат спасителите.