Германската амбасадорка Петра Дрекслер го посети Музејот за тутун

Музејот за тутун содржи голем број експонати по потекло од Германија, кои “говорат” за културните навики и стилот во минатите векови на популацијата. Нашите врски од областа на техничката соработка со Германија е факт и денес, но и во минатото. На пример, зградата на нашиот Институт за тутун, во далечната 1936 година, е изградена под раководтво на германски архитекти и претставува една од најсолидните градби на Балканот. Кај тутунот се овие влијаниа уште посилни и можете да ги видите во Музејот за тутун. Германскиот амбасадор во Скопје, нејзината екселенција Петра Дрекслер, денес го посети Музеј за тутун и зградата на архитектонски прекрасниот Научен институт за тутун и се увери во тоа. Таа ги препозна и германските дозни, затоа што и нејзината мајка имала таква – иста. Човечката и емотивна димензија на ваквите средби обврзува да ги истражиме и продлабочиме овие врски, на радост и корист на сите почитувачи на културата. Музеј се нуди да биде материјален показател на таквите врски и инспирација за посетителите, кои ќе се зачудат дека ние имаме и ретки експонати и приказни од далечни места. Се надеваме дека е ова “само прва посета”.

Инспирира и идејата на љубезната амбасадорка Петра Дрекслер дека би било убаво учењето на Германскиот јазик да биде проследено со теренски дебати во самиот Музеј, токму за експонатите, кои доаѓаат од Германија. Конструктиво и несомнено корисно.

Репортер: Милена Ѓуроска

Слични Објави