Општина Демир Хисар со нова веб-страница до поголема транспарентност, отвореност и отчетност
Од 26.10.2023 год., профункционира новата веб-страница на Општина Демир Хисар https://demirhisar.gov.mk/
Сега жителите од оштина Демир Хисар ќе можат на побрз и полесен начин да доаѓаат до посакуваните информации и документи, а отанатите посетители да се запознаат и да уживаат во убавините и културно – историското наследство во општината Демир Хисар,
Од општината објаснуваат „Новата веб-страница беше потребна за да се зголеми транспарентноста, отвореноста и отчетноста на општината кон граѓаните – што не беше можно со претходната страница.
Изработката на новата веб-страница на општината беше дел од активностите предвидени со планот за зајакнување на системот на интегритет во Општина Демир Хисар.
Имено, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во текот на 2022 година беше спроведена програма за обука на новоназначените лица за интегритет од единиците на локалната самоуправа и Општина Демир Хисар активно учествуваше со свој претставник.
По спроведениот мониторинг на постигнатите резултати, Општина Демир Хисар беше прогласена за една од трите најуспешни општини во имплементација на елементите на системот на интегритет и се стекна со право на дополнителна финансиска поддршка за изработка на нова веб-страница на општината во насока на уште поголема транспарентност на работењето.
Ова е уште еден показател со кој Општина Демир Хисар го потврди својот статус како една од најтранспарентните институции во државата, која доследно ги спроведува политиките на интегритет како инструмент на превентивната антикорупциска политика.“