ОДРЖАНА ПРЕД ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА ВО ОПШТИНА БИТОЛА
Еден од приоритетите на секоја општината е да биде поблиска до граѓаните односно граѓаните да ги покани/вклучи да учествуваат во одлучувачките процеси во својата општина, а тоа значи дека општината е транспарентна и отчетна. Една од тие активности е и спроведување на буџетските форуми кои се организираат во месец ноември -декември.
Во таа насока, изминатата недела Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителите на општинските одделенија за економски развој, комунални дејности, имотно -правни работи и секторот за финансиски прашања, имаа претфорумска сесија со претседателите на урбаните и месните заедници.
На оваа претфорумска сесија, општинското раководство ги сослуша барањата и приоритетите на урбаните и месните заедници и ги информираше претседателите за изготвените проекти, како и за планираните буџетски форуми, на кои граѓаните ќе ги одредат приоритетите за реализација, како и оние проекти за кои дополнително треба да биде подготвена документација.
Претседателите на урбаните и месните заедници, го поздравија ваквиот начин на комуникација, нагласувајќи дека, општината во своето планирање, веќе е подготвена за решавање на најгорливите прашања на битолчани, а преку форумските сесии ќе се залагаат за вклучување на најважните приритети во буџетот за 2024 година.
По завршувањето на буџетските форуми, изготвениот предлог буџет треба да биде јавно објавен и доставен за усвојување до Советот.