ОГРОМЕН ПОДВИГ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ЗЛАТКО КАРЧЕСКИ
Минатата седмица. прилепчанецот Златко Карчески, како дел од македонската репрезентација, учествуваше на светско првенство во небесно трчање, што се одржа во Сорија, Шпанија. Во дисциплина “Ултра – Скај” долга 70км со 4500м вкупно искачување, трката ја заврши за 10ч22м25с и заврши на 46. место. Македонија го освои 24 место од 40 репрезантации,
Тој на својот фејсбук профил ја сподели информацијата и изрази благодарност до сите кои помогнале во остварување на овој подвиг.
-Сакам да се заблагодарам на Skyrunning MKD за пружената шанса, на другарите од Единак за тренинзите во текот на годината, на Антонио Каранфилоски што влечеше паметно 3/4 на трката(додека го следев), на Ангела Галинческа за исхраната и Филип Димески за безброј спортски совети за превенција од повреди.
Најмногу благодарен на мојата прекрасна фамилија, за нереалната поддршка, и тоа што ме трпеше и бодреше да тренирам смртски овие 10тина месеци
ФОТО: ЗЛАТКО КАРЧЕСКИ – ФЕЈСБУЛ