|

Општина Демир Хисар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“

Општина Демир Хисар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа.

Како што наведуваат, Општина Демир Хисар активно соработува во овој проект со цел: – Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии; Поефикасно планирање и извршување на буџетот; Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност; Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори; Поголем пристап до надворешни извори на финансирање; Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации. Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги, и е дел од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во тесна соработка со Министерството за локална самоуправа, и беше промовирана на лидерскиот форум во септември 2024 година.

Слични Објави