„УЧИЛИШТАТА НЕ СЕ ИНКУБАТОРИ НА ХЕЈТЕРИ“
Дали некогаш сте биле жртва или едноставно сте присуствувале на место каде што се случувало врсничко насилство – модерно кажано “Булинг’? Сигурно дека да. Врсничкото насилство е еден сериозен проблем кој не ретко поминува само со „Деца се, се скарале, ќе се смират“.
Булингот не е обична расправија меѓу две другарчиња кои се скарале за топката, за тоа дали има фаул додека играат фудбал или можеби за некоја друга работа која што ја делат.
Булингот е појава која е предизвиката од различнота. Малтретирање на послабиот само затоа што е различен. Без разлика по која основа. Затоа на сите нас ни треба едукација. Да ги препознаваме насилниците и да превенираме појави кои предизвикуваат долгорочни последици кај децата.
Можеби најпоразително во целиата ситуација е тоа што, случаите на врсничко насилство во училиштата се многу побројни од тие на улица. А, би требало да е обратбно. Во училиштата ги испраќаме нашите деца да се едуцираат и да добијат дополнително воспитување, а не да бидат жртви на насилници. Секое училиште по закон е должно да се грижи за секој ученик да биде заштитен од насилство и секаков вид на дискриминација. (Член 49 од Закон за основно образование)
Сите сме должни да работиме на подобрување на оваа ситуација, пред се преку самоедукација, едукација на стручните служби на училиштата и покревање на свеста на сите инволвирани страни. Неедукативните професиопналци, наставниците, родителите и нормално самите деца.
Невладината АГТИС – Прилеп со медиумска поддшка од otv.mk, во соработка со основните училишта од Општина Прилеп и Општина Долнени се вклучува во борба против оваа лоша општествена појава, преку проектот „Училиштата не се инкубатори на хејтери“ поддржана од амбасадата на САД во Македонија.
Проектот ќе биде имплементиран во следните 11 месеци.
Фото: УНЕСКО