НОВ АВТО МОТО ИСПИТЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

На 4 јуни (среда), во Битола официјално ќе започне со работа новиот Авто Мото Испитен Центар „Супер Возач“ ДООЕЛ, сместен во просториите на поранешниот Славјански универзитет.

Центарот е овластен од Министерството за внатрешни работи за период од пет години и ќе ги спроведува возачките испити за кандидатите од општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Инфраструктурата на центарот вклучува:

  • Шест пријавни места во горенаведените општини,
  • Три автодроми за првиот практичен испит (во Битола, Прилеп и Ресен),
  • Три центри за теоретски испит (исто така во Битола, Прилеп и Ресен),
  • Околу триесет стандардизирани возила од сите категории.

Испитите ќе ги спроведуваат лиценцирани испитувачи, најголем дел од нив дипломирани сообраќајни инженери со значително искуство во обука и тестирање на кандидати за возачи.

Сите заинтересирани кандидати ќе можат да добијат информации и да се пријават преку официјалната веб-страница: www.supervozac.mk

Веднаш по почетокот со работа, Центарот ќе започне со прием на пријави за полагање и објава на распоредот за првите испити.

Слични Објави