|

(видео) Прилепските деца и јуниори TigerZ и Imperyx на Хип-хоп тронот

Танцовото Хип-Хоп студио BREAK A LEG – Prilep се врати со две први места од меѓународниот танцов натпревар Dance Off Скопје Македонија 2026, кој вчера се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

На натпреварот учествуваа повеќе од 2.000 танчери од Европа, а прилепското студио настапи со вкупно 33 учесници и освои две златни одличја во хип-хоп категоријата Б.

Највисокото место на пиедесталот го освоија:

TigerZ – формација деца, 1. место – Деца Хип Хоп

Imperyx – формација јуниори, 1. место – Јуниори Хип-хоп .

Во хип-хоп дисциплината натпреварувачите се поделени во А и Б категорија, а двете формации на BREAK A LEG – Prilep покажаа одлична подготвеност и се искачија на самиот врв во своите возрасни групи.

Две формации, две први места и уште еден голем успех за прилепската танцова сцена!

Слични Објави