Започнува дератизација на канализацијата
Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува пролетната превентивна систематска дератизација во периодот од 12 март до 4 април 2025 година. Оваа мерка е дел од редовните активности за контрола на глодарите и превенција на ширење на заразни болести. Според најавите, дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди), а ќе бидат третирани подземниот канализациски систем во градот и градската депонија Алинци. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат препораките на надлежните служби.
Препораки за граѓаните: да се избегнува пристап до местата каде што е спроведен и означен дератизациониот процес, строго е забрането преместување, отстранување или контакт со родентицидните мамци, да се внимава домашните животни да немаат контакт со поставените мамци.
Од Центарот за јавно здравје – Прилеп апелираат до граѓаните да се придржуваат до овие мерки, бидејќи во спротивно, институцијата не сноси одговорност за евентуални несакани последици. Со оваа акција се очекува значително намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје во градот. Надлежните служби ќе ја следат состојбата на терен и по завршувањето на дератизацијата.