| |

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Општина Битола ги повикува сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општината.

Предлог проектите кои ќе бидат поднесени во рамките на јавниот повик треба да придонесат кон обезбедување подобри услуги за локалната заедница и да придонесат кон оствaрување на една или повеќе приоритетни цели на општина Битола. За овој јавен повик, приоритетни области за општина Битола се: 

  1. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
  2. КУЛТУРА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
  3. СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА
  4. МЛАДИ

Висината на грантовите за овој јавен повик се движи во следните граници:

  • Минимален износ: 125.000,00 МКД
  • Максимален износ: 500.000,00 МКД

Проектите може да бидат со времетраење од 1-5 месеци и мора да се спроведат до крајот на декември 2024.

Јавниот повик ќе трае од 01.07.2024 (од 07:30 часот) до 22.07.2024  (до 15:30 часот).

Целата документација за аплицирање на јавниот повик, како и насоките за аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/gragjanski-organizacii-proekti/

Слични Објави