Најмалите учеа за традицијата (видео)
Музеј-Прилеп го реализира проектот „Училиштата во музеите или музејот во училиштата“ кој е финансиран од министерстото за култура. Овој проект има задача, да ги запознае најмладите со традицијата. Преку драмски перформанси учениците се сретнаа со многу архаични изрази, обичаи кои се веќе во замирање и од стручните лица во музејот научија многу за тоа како нивните предци живееле, разговарале, работеле и уште многу работи од секојдневниот живот.
Оваа година Музеј – Прилеп соработуваше со ученици од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп кои беа под менторство на наставничката Даниела Џамбазовска.
Видео перформансите ги сними OTV.MK во соработка со АГТИС – ПРИЛЕП