20те студенти од Прилеп ги потпишаа договорите за користење на стипендии
Денес во Општина Прилеп. новозапишаните студенти од прва година, кои аплицираа за стипендиите за академската 2023/2024 година, што ги доделува Општина Прилеп, ги потпишаа своите договори за доделување стипендија.
Советот на Општина Прилеп од оваа година донесе Програма и Правилник за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп, така што за прв пат, во оваа академска година, беше одлучено на 20 најдобри студенти и студенти од социјално ранливи категории од Општина Прилеп да им бидат доделени стипендии. Општина Прилеп и Економскиот факултет – Прилеп на почетокот од акедемската година за оваа цел склучија и меморандум за соработа.