Одделението за Гинекологија и акушерство доби донација од Инако Мак
Одделението за гинекологија и акушерство при JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп објави дека доби донација на перници од палетата на производи на Инако Мак ДОО Прилеп. Оваа општествено одговорна компанија, позната по својата посветеност на подобрување на животот во локалната заедница, секогаш излегува во пресрет на потребите на здравствените институции.
Оваа донација не само што ќе придонесе за создавање на подобри услови за пациенти, туку исто така е доказ за важноста на партнерството помеѓу приватниот сектор и здравствениот систем.
Ваквите акции потврдуваат дека заедницата може да биде посилна и поединци и компании можат да се обединат во заедничка цел – подобрување на здравјето и благосостојбата на сите.