СЕ АСФАЛТИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ООУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“
Една од локациите на која се вршат градежни активности во Битола е на спортското игралиште кај основното училиште „Елпида Караманди“.
Проектот кој го реализира локалната самоуправа, вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². Со оваа инвестиција, Општина Битола е насочена кон создавање подобри услови за спортување и физички активности на најмладите, за што од општинскиот буџет издвоени се 22.373.885 денари.