Новогодишен панаѓур во Новаци – детски џагор и креативност

Со многу смеа, детски џагор и празнична магија, денес во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа Новогодишниот панаѓур.

„Овој настан ги собра сите дечиња од нашата општина, како и гости од осум основни училишта од Битола, создавајќи незаборавна атмосфера полна со радост и ентузијазам.“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски

Целата приредба блескаше со енергијата на распеаните и насмеани деца, кои преку новогодишната претстава „Желбаркото“ ја претставија својата креативност и талент. Претставата беше вистинско уживање за сите присутни, внесувајќи топлина и празничен дух.

На панаѓурот беа изложени рачни изработки, украси, слики и разни уникатни предмети, кои со љубов и посветеност ги изработија учениците. Секако, не недостасуваше ниту вкусна храна која ја збогати целата манифестација.

Настанот покажа дека соработката меѓу училиштата и заедницата е клуч за организирање вакви успешни настани кои оставаат траен впечаток. Благодарение на учесниците и посетителите, оваа година новогодишниот панаѓур беше уште поспецијален, а детската радост беше најголемата награда за сите.

Празничната магија продолжува, а со вакви настани ја поттикнуваме креативноста и солидарноста кај најмладите, подготвувајќи ги за иднината со вредности што траат цел живот.

Слични Објави