Од 11 декември до јуни 2026 година ќе нема воз од Битола до Скопје и обратно

Поради реконструкција на железничката делница Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 година до 10 јуни 2026 година привремено ќе бидат укинати повеќе патнички возови – соопштија од Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје.



Во наведениот период нема да сообраќаат следниве возови:

  • Воз бр. 601, релација Скопје – Велес, тргнување во 08:00 часот
  • Воз бр. 2081, релација Скопје – Велес, тргнување во 13:20 часот
  • Воз бр. 643, релација Скопје – Битола, тргнување во 14:30 часот
  • Воз бр. 2080, релација Велес – Скопје, тргнување во 12:10 часот
  • Воз бр. 2082, релација Велес – Скопје, тргнување во 14:24 часот
  • Воз бр. 642, релација Жабени – Скопје, тргнување во 11:15 часот

Од железничкиот оператор информираат дека укинувањето на возовите е неопходно заради безбедно извршување на реконструкцијата на пругата и најавуваат дека по завршување на работите сообраќањето ќе се нормализира.

Слични Објави