ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА МЛАДИ ЛИЦА
Општина Новаци објавува Јавен повик за користење на финансиски средства за субвенционирање на трошоците за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија , наменет за млади лица до 26 години, жители на Општина Новаци! Јавниот повик, критериумите и потребните документи се достапни на веб страната на Општина Новаци или на следниот линк:
Со оваа мерка, Општина Новаци ги поддржува младите да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и мобилност, како и да придонесеме кон создавање на поактивна и самостојна младина. Ваквите субвенции се особено важни за младите луѓе од руралните средини, каде возачката дозвола претставува значаен чекор кон лична и професионална независност. Аплицирајте навреме и искористете ја можноста!
Повикот е отворен до истек на предвидените средства – принципот „прв дојден, прв услужен“ се применува.