Прилеп доби локална телевизија – ТВ Хоризонт
Со дружба на медиумски работници од Прилеп и поддржувачи на идејата, синоќа официјално беше отворена локалната телевизија, медиум каков што градот веќе подолго време немаше.
Главен и одговорен уредник на ТВ Хоризонт е Игор Тасевски. Пред камерите ќе се појават неколку познати телевизиски лица од минатото, а зад камерите ќе работат долгогодишни и искусни камермани и техничари.
Со почетокот на програмата на ТВ Хоризонт, Прилеп повторно добива локална телевизија, која отвора нов простор за локални информации, настани и содржини за прилепчани.
Програмата на ТВ Хоризонт се емитува на сите кабловски оператори во Македонија
ОТВ посакува на ТВ Хоризонт успешна работа, богата продукција, многу гледачи и, пред сè, остра и праведна мисла, затоа што на секој град му требаат медиуми што знаат да гледаат, да прашуваат и да кажуваат.


