|

Алтернативен пат мора да има – известување од општина Кривогаштани

Во известувањето од Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani кое го сподели градоначалникот Николче Мискоски – Градоначалник на oпштина Кривогаштани стои „Во врска со започнувањето на реконструкцијата на регионалниот пат Прилеп-Крушево ве известуваме дека Општина Кривогаштани не е за запирање на регионалниот пат кој ќе ги оштети граѓаните и ќе им го одземе правото за слободно движење.

Општина Кривогаштани својата загриженост ја претстави преку допис (во прилог слика) каде концизно и категорично е побарано од надлежните институции да се изнајде решение со цел да не дојде до целосно запирање на сообраќајот на наведениот пат.

Толкав временски период на затворање на патната линија ќе биде на огромна штета на стопанствениците, земјоделците и целокупното население кое го користи регионалниот пат Кривогаштани – Прилеп а особено на жителите на населените места Врбјани и Славеј кои се лоцирани веднаш до делницата.

Од страна на изведувачот ,,Стентон Градба’’ е соопштено дека во текот на утрешниот ден ќе обезбеди алтернативен пат.

Доколку истиот не биде испорачан, ние како Општина пред сите надлежни институции ќе се трудиме да изнајдеме друго алтернативно решение за да не дојди до целосен прекин на сообраќајот за оваа делница.

Ние сме за подобрување на регионалните патишта, но не на ваков начин.

Јас и Општината стоиме на страната на народот.

Алтернативен пат мора да има“

Слични Објави