Витаминка со новогодишна донација за децата во болницата Козле
Компанијата Витаминка повторно ја покажа својата општествена одговорност со новогодишна донација, која донесе насмевки и радост на лицата на децата во Детската болница Козле. Со донацијата на новогодишни пакетчиња, компанијата ја збогати празничната атмосфера и им подари топлина и надеж на малите пациенти.
„Среќата на децата е нешто што не може да се измери. За нас како компанија, од огромно значење е да покажеме грижа и поддршка токму кон оние на кои тоа најмногу им е потребно. Празниците се период на дарување и споделување, а нашата цел е секое дете да почувствува дека не е заборавено. Со оваа донација сакаме да го споделиме празничниот дух и да им подариме моменти на радост на децата и нивните семејства,“ изјавија од Витаминка.
Директорката на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, д-р Каролина Симоновска, изрази голема благодарност за донацијата: „Искрено сме благодарни на Витаминка за оваа убава иницијатива која ќе донесе радост и насмевки на лицата на нашите најмали пациенти. Новогодишните празници се особено важни за децата, а ваквите гестови покажуваат дека нашите пациенти и нивното здравје се грижа за целата заедница. Пакетчињата ќе го разубават престојот на децата во болницата и ќе им донесат малку празнична магија“.
Донациите на Витаминка се долгогодишна традиција, насочена кон помагање на децата низ различни установи во државата, со што се шири духот на хуманоста и празничната магија.