| |

Објавен повик за учество на Меѓународниот карневал „Прочка 2026“

Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и од останатите градови и населени места во Република Македонија да се пријават за учество на манифестацијата Меѓународен карневал „Прочка 2026“, кој ќе се одржи во Прилеп на 21 и 22 февруари 2026 година.



На повикот можат да се пријават основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија, како и сите креативни групи и поединци кои сакаат да бидат дел од карневалската програма.

Како што информираат од Општина Прилеп, учеството на групни и поединечни маски значително ќе ја збогати програмата на карневалот и ќе придонесе кон креативен израз, негување на културното наследство и традицијата.

Заинтересираните учесници треба да ја потврдат својата присутност најдоцна до 16 февруари 2026

Сите потребни информации можете да ги најдете на: https://www.karnevalprilep.mk/pokanaprijavaprochka2026?fbclid=IwY2xjawPhgnpleHRuA2FlbQIxMABicmlkETF2SmxVNTNrSmJPSlhoNjJsc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHtBgxxv5KP_RegmbfXm00SKrH85AtxC1zjGCAszJMFGHs_pLb1vTDIFev6Bv_aem_H0fX-gMokfq5QhEtSygWmw

Слични Објави