Соопштени наградите 3. Ноември
По повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, денес, Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници, ги соопшти добутниците на наградите кои се доделуваат на поединци и институции за нивниот придонес во различни области.
Награда за животно дело
Илија Димоски – Шаторо, прв претседател на Општинското собрание – Прилеп во плуралистичкиот демократски период.
Плакети
Црковниот хор при црквата „Св. Петка“ – за учеството во парохискиот богослужбен живот и духовната дејност на храмот.
Винаријата „Сарика“ – за одгледување винова лоза и производство на автентично вино.
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп – по повод 65 години од постоењето на Меморијалниот музеј „11 Октомври“.
„Витаминка“ – по повод 70 години постоење.
Дипломи
Никола Здравески – за освоените златен и сребрен медал на Светската олимпијада по географија.
Кирил Петрески (постхумно) – за долгогодишната работа како драматург и режисер во Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Благица Чатлеска – наставник по англиски јазик во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.
Димитар Димитриоски – прилепски ракометар и најдобар стрелец во ракометната лига.


