|

Новогодишна забава во среда на 27.12.2023 со Дедо Мраз и ,,Бабец театар” во Општина Могила

Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури. Па и во нашава држава, секоја општина на различен начин со организирани прослави ја испраќа старата година со желби Новата да донесе убави и весели моменти кај секој жител.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Општина Могила со покана до своите жители.

„Драги деца, мајки и татковци, баби и дедовци.

Во СРЕДА на 27.12.2023 ве покануваме на новогодишна забава со Дедо Мраз и ,,Бабец театар”.

Забавата започнува во 11:00часот.

Агенда:

11:00 Пристигнување и делење новогодишни пакетчиња.

11:00-11:30 Фотографирање со Дедо Мраз и елката.

11:30-12:30 Новогодишен панаѓур подготвен од учениците од трите основни училишта.

12:00 Детска новогодишна претстава ,,Изгубената Снегулка”

12:30 Обраќање на градоначалникот Драганчо Саботковски.

Ве поканувам сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата што ни доаѓа. “

Слични Објави