ЛИНА И ФИЛИП ЉУБЕА СО СТИХОВИ
Синоќа во клуб Таверна, поетите Лина Димоска и Филип Димкоски на љубителите на стихот им приредија незаборавна вечер. Еден час исполнет со емоции предизвикани од поетските дела на Лина и Филип, кои ги дополнија со дел од најубавата македонска поезија. Се читаа песни на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и други поети кои оставиле и се уште оставаат капки од својата душа во поетскиот кладенец на Македонија.
Еден од најубавите моменти беше тоа што Филип читаше поезија напишана од Лина, а таа читаше негова.
Ова емотивно патување кое е со наслов „Љубење со стихови“, се одржа по четврт пат и за прв пат имаше гости музичари. Прекрасната Катерина Попоска испеа три песни, меѓу кои и „Починка“ – Блаже Конески, во придружба на Милан Секулоски – гитара, а Сергеј Настески – кавал, им даде посебен тон на дел рецитациите.
Прекрасниот настан кој срамежливо почнал пред неколку години во мало прилепско кафуле, веќе го наполни клубот Таверна и само може да се насети дека следниот пат, ќе им треба многу поголем простор.
Прилеп сака поезија, заслужува поезија, а заедницата следно да покаже дека ги заслужува Лина и Филип.