|

Општина Новаци прв пат ќе се вклучи во БАДНИКОВАТА ПОВОРКА 2024

Во пресрет на највеличественото празнување на Бадник и Божиќ, Општина Новаци оваа година за прв пат ќе се вклучи во БАДНИКОВАТА ПОВОРКА 2024 под слоганот ,,Почувствувај радост” на ден 06.01.2024 година во 11 часот.

За таа цел сите заинтересирани дечиња коледарчиња кои сакаат да учествуваат, своето присуство да го пријават во училиштето „Славко Лумбарковски“ во Новаци, во детската градинка „Бамби“ во Новаци или на телефонскиот број 075 456 034.

На бадниковата поворка ќе им претходат неколку работилници на кои дечињата заедно со своите родители ќе ги изработуваат божиќните ѕвезди направени од златен или жолт хамер прицврстени на стапче кои ќе ги носат на денот на самиот настан и заеднички ќе ја учат песната ,,Вечниот Бог” за во еден глас од сите страни на светот да му ја испеат на Христа и да го најават Неговото Раѓање!!

Придружете ни се!

Стои во Поканатата од Општина Новаци и Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци

Бадниковите поворки, кои слава на предобриот Бог, прераснаа во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина. И за возобновување на прекрасната древна традиција – Бадниковите поворки, сега доживува огромна популарност и навлегува длабоко во срцата на целиот народ, особено меѓу децата, предизвикувајќи восхит и невиден интерес.

Насекаде во Македонија, групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“ – старата православна коледарска песна која всушност го објаснува настанот што се случил и заради кој славиме Бадник/Божик

Слични Објави