Нови 50 милиони евра за општините

Нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка, кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините, најави вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во петок, како што рече Меџити, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за средствата.

Според министерот, се работи за средства кои се добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се неменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура – какнализации, водоводи.

Со премиерот во петок ќе ги поканиме сите 80 градоначалници за нови 50 милиони евра од МЖСПП, кредит од Европката инвестисициска бана кој е порано добиен, но отккао дојдовме имаше нула реализација. Сега веќе седум милиони се процесуирани кај одредени општини, но за да го забрзаме процесот, ќе ги повикаме градоначалниците со премиерот, ќе ги информираме колку средства им припаѓаат, кои се условите, да достават проекти и им стоиме на располагање. Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени. Реално, на 100-те милиони ги додаваме и овие за животна средина. Зависно колку ќе бидат агилни градоначалниците со доставување прокети, до мај можеме и целосно да го заокружиме процесот, истакна Меџити во гостувањето на ТВ Сител.

Слични Објави