11 декември Светски ден на планината
На 11 декември 2003 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го назначи 11 декември за Светски ден на планината. Овој ден се посветува на подигнување на свеста за значењето на планините во нашиот живот, како и на потребата од одржливо управување со овие природни ресурси.
Нашата прекрасна Македонија е планинска земја. Речиси 80% од територијата на државата ја сочинуваат планините. Македонија брои околу 70 планини и има неверојатно голем потенцијален за рурален туризам, како и за планински спортови. Највисок планински врв е Голем Кораб, висок 2764 m. Има околу 40 планини од кои 12 се повисоки од 2000 метри надморска висина, што ја прави единствената држава во Европа со толкав број на планини и планински масиви на својата површина. Во исто време, планините се од суштинско значење за сите луѓе, бидејќи се извор на некои од најголемите реки на светот и имаат клучна улога во водниот циклус.
Планините покриваат околу 22% од површината на земјата и 13% од светската популација живее во овие предели. Планините нудат 60 – 80% од свежата вода со која се снабдува населението во светот. Според ОН дури една милијарда луѓе живеат во планински предели и преку половина од светската популација е зависна од планините за снабдување со вода и храна.
Планините се соочуваат со ризикот кој го наметнуваат климатските промени, а континуираното зголемување на температурите влијае на планинските предели, со големи поплави во одредени региони во светот, како последица од топењето на мразот.
За жал, климатските промени, прекумерната експлоатација и несоодветното управување ја ставија планината под сериозна закана. Зачувувањето на планините не е само задача за луѓето кои живеат во планинските региони, туку и за сите нас, бидејќи тие играат незаменлива улога во одржувањето на животната средина и обезбедувањето на ресурси кои се суштински за опстанокот на целиот свет.
Светскиот ден на планината ни дава можност да размислиме за важноста на планините и да се заложиме за нивно заштитување и одржливо управување.