|

ТРИ ДЕНА ЏЕЗЕРСКИ УБАВИНИ ВО ПРИЛЕП (ВИДЕО)

Изминатиот викенд Прилеп беше центар на џезот во Македонија. Шест прекрасни и комплетно различни бендови музицираа на летната сцена позади НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.

На отворањето и покрај дождот, кој како по договор со музичарите запре точно во 22 часот, на сцената се појавија ФИЛИП СТЕВАНОСКИ КВАРТЕТ, а после нив COBALT CODE UNIT.

Вториот ден, кога имаше и најголема посетеност, први на сцената музицираа ЃОЛЕ ГРУЈОВСКИ ТРИО, а потоа НИКОЛА БОЧВАРОВ КВАРТЕТ. Со нив за крај на вечерта неколку песни изведе и Ристо Вртев.

Овогодинешното издание да се затвори со преубави емоции од сцената не радуваа JURE PUKL ORGANIC TRIO и ЦРНО ДЕТЕ.

Како и секоја година, така и оваа Општина Прилеп беше еден од поддржувачите на фестивалот.

Слични Објави