|

4.991 сообраќаен прекршок регистрирани преку „Безбеден град“

Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот за видео-надзор „Безбеден град“, на подрачјата на градовите и патните коридори каде што се поставени камери, евидентирани се вкупно 4.991 сообраќаен прекршок.



Од нив, 641 прекршок се однесуваат на возачи кои управувале возила со странски регистарски таблички.

Најголемиот дел од прекршоците се за:

  • пречекорување на дозволената брзина4.674 случаи,
  • минување на црвено светло163 случаи,
  • возење со истечена сообраќајна дозвола154 случаи.

Во наведениот период се изречени вкупно 288 заштитни мерки – забрана за управување со возило, од кои:

  • 163 за минување на црвено светло,
  • 125 за прекумерна брзина.

Во рамките на дозволеното законско отстапување, системот регистрирал и 22.434 возила кои се движеле во толерирани граници на брзина.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да придонесат за побезбедни и посигурни патишта.

Слични Објави