Никола Дујовски: Општество на аматери

„Денес добивам силен впечаток дека нашето општество е општество на аматери, базирано на аматеризам, а не на професионализам. Ова е една голема вистина веќе 30 години, а мислам и дека ќе не следи и по зачленувањето на Македонија во ЕУ. Како поинаку да го протолкуваме ова трик прашање на истражувачите, во кое што може да се забележи дека 302, или најголем дел од луѓето, одговориле дека слушнале за планот 3-6-9, а од друга страна, 299 слушнале за работи кои што не постојат. Значи, секаде ние потфрламе да се посветиме вистински на она што е нашата работа, и тоа се огледува и во јавната администрација, и во државните служби, но и во НВО секторот. Ни тука работите не цветаат, затоа што повеќе очекуваме да ни ги сервираат работите на тацна, отколку самите да произведеме нешто што може да биде соодветно применливо и во Р. Македонија“ – вели Никола Дујовски, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар