Александар Цветкоски: Дали ние страдаме од недостаток на политичка волја, или пак страдаме од невештост?

„Колку е вистина она што го кажува Владата, дали ние страдаме од недостаток на политичка волја, или пак страдаме од невештост. Гледаме многу технички работи не функционираат, и затоа сакавме преку овој проект да ги видеме детските болести на демократијата. Затоа и направивме анкета со која сакавме да испитаме дали има некакви нови вредности. Ме радува фактот дека многу од анкетираните (иако имаше и многу одбивања) имаа емотивен пристап на истражувањето. Знаете, вие ги прашувавте граѓаните, но тие не веруваа дека нештото е важно, бидејќи нештото нема да се промени. Сега веруваат, па дури се лутат и се караат со анкетарите. Тоа е еден ангажиран пристап кој го немаше до пред 2 години, и мислам дека нивото на надеж е подигнато кај општата популација“ – кажува Александар Цветкоски, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар