|

Полагање за КЈУ појаси во организација на ЏК „Сеишин“ – Прилеп

На 24 декември 2025 година, во организација на Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, се одржа полагање за ученички КЈУ појаси. Полагањето беше спроведено согласно правилникот за полагање појаси и реализирано од страна на клубска комисија.



Регуларноста на процесот ја следеше и официјално ја верифицираше претставникот на Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија, г-дин Ѓуро Илиќ, 7-ми дан и претседател на комисијата.

Настанот беше проследен од бројни родители, стручни лица, членови на телата и органите на клубот и федерацијата, поранешни џудисти, џудо ветерани, како и други гости. Полагањето се одвиваше во преполна спортска сала во Прилеп, во позитивна и спортска атмосфера.

Џудо федерацијата на Македонија им честита на сите џудисти кои се здобија со повисоки КЈУ појаси и им посакува многу успех и уште поголеми спортски резултати во понатамошната кариера.

Слични Објави