Отворена изложбата „Врбјанска Чука: Зрно по зрно, погача“ во Прилеп
Во НУ Завод и Музеј – Прилеп e отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“, резултат на повеќегодишната соработка помеѓу прилепскиот музеј и Центарот за истражување на предисторијата. Изложбата ги претставува археолошките резултати и научните сознанија од истражувањата на овој исклучително значаен неолитски локалитет во Пелагонија.
Посетителите ќе имаат можност да го откријат секојдневниот и духовниот живот на населението што живеело на Врбјанска Чука пред околу 8.000 години – период во кој се оформувале првите земјоделски заедници и се поставувале темелите на човечката култура и цивилизација во овој дел на Европа.
Од музејот упатуваат покана до јавноста да ја посетат изложбата и одблиску да ги почувствуваат богатствата и тајните на праисторискиот живот во Пелагонија.



