Саша Ѓорѓевиќ: Проблемот е во имплементацијата на реформите

„Во Р. Македонија на сите реформски процеси во правосудството се пристапува неодговорно, генерално, затоа што најпрво не се прават емпириски истражувања на секторот што треба да биде реформиран и наместо тоа, се земаат готови решенија од други држави кои се често пати неприменливи на менталитетот и на средината во која што живееме. Секоја реформа треба да биде ускладена со општествената клима, и затоа, не случајно, и АГТИС ги става реформите во самиот општествен контекст. Сметав дека најбитната работа во реформите е легислативата која ќе биде донесена, но после искуството видов дека проблемот е во имплементацијата. Треба една целокупна општествена реакција во смисла на зголемување на системот на вредности, департизација како предуслов и воведување на критериуми на стручност, компетентност, воведување на етички, морални кодекси во институциите, санкционирање на оние кои што ги прекршуваат тие етички и морални кодекси“ – порачува Саша Ѓорѓевиќ, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар