|

Настан во чест на денот на фармерите – доделени признанија на најуспешните

Во организација на „Бимилк“, денес во Битола се одржа настан посветен на фармерите – кооперанти кои секојдневно вложуваат труд и посветеност во производството на квалитетно домашно млеко.

Настанот беше организиран по повод „Денот на фармерите“, со цел да се оддаде признание и благодарност на вредните земјоделци и сточари од регионот. Присутни беа претставници од агро-секторот, кооперанти, како и локални институции.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, имаше обраќање на настанот, упатувајќи честитки до фармерите и потенцирајќи ја нивната важна улога:

„Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и двигател на млечната индустрија во Битола. Посебно ја истакнувам успешната соработка помеѓу битолските фармери и компанијата Бимилк, која придонесува за развој на руралните средини и зајакнување на малите семејни фарми,“ изјави Коњановски.

Тој додаде дека општината ќе продолжи да создава услови за поддршка на земјоделството и конкурентноста на локалните производители.

Во рамки на настанот беа доделени признанија на најуспешните фармери во неколку категории, со што беше оддадено признание за нивниот придонес во синџирот на производство и одржувањето на високите стандарди на безбедност и квалитет на храната.

Слични Објави