„Ордан Михајловски – Оцка“ приреди празничен концерт во Дневен Центар „Ѕуница“
Во пресрет на Новата година, во топлата и празнична атмосфера на Дневниот Центар „Ѕуница“, учениците од музичкото училиште ОМУ „Ордан Михајловски – Оцка“ Прилеп приредија незаборавен предновогодишен концерт.
Со прекрасните изведби, младите музичари донесоа празничен дух во центарот. Концертот беше збогатен со присуство на претставници од Прилепска Пиварница, Локалната самоуправа и градоначалникот Борче Јовчески, кои подготвија подароци за корисниците на центарот, збогатувајќи ја радоста на овој настан.
Организаторите од Дневниот Центар „Ѕуница“ изразија благодарност до сите кои придонесоа за успешната реализација на концертот, особено до младите таленти кои со својата музика внесеа светлина и празнична магија.
Фото – Дневен Центар „Ѕуница“