|

Отворена е несекојдневна изложба на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски

Во Национална установа за култура НУЦК ,,МАРКО ЦЕПЕНКОВ,, ПРИЛЕП, отворена е изложбата на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски.

Љубителите на уметноста од Прилеп во следните десетина дена ќе можат да проследат еден несекојдневен проект – COPERNIKUS 551.

Со проектот, преку делата од 50 уметници од 34 земји, се одбележуваат 551 година од раѓањето на Никола Коперник.

Ова е нов вид на уметничко изразување наречено Мејл АРТ. Златко Крстевски е еден од пионерите на овој вид на уметност и преку здружението во кое работи КОПЕРНИКУС ЛАБ повеќе години наназад ги промовира Прилеп и Македонија низ светот.

Слични Објави