(видео) Од средствата на „Support Kocani“ државата задржа 1 милион денари данок
По втор пат се изврши исплата на средства од сметката на хуманитарната иницијатива „Support Kocani“. Од вкупно 10.944.793 денари, 1 милион денари се задржани како даночен износ за државата, додека преостанатите средства се распределени подеднакво на 137 лица.
Секое лице доби по 71.900 денари, во рамките на втората распределба која се спроведе согласно утврдените правила и транспарентниот пристап на организацијата.
Со оваа исплата, „Support Kocani“ продолжува со својата мисија да обезбедува финансиска помош за граѓаните и семејствата на кои им е најпотребна поддршка.


