Над 15 000 матуранти, тестот по англиски јазик најинтересен
15. 004 кандидати се пријави за полагање на двата екстерни испита од годинашната државна матура, што ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни. Од пријавените, најголем дел, речиси девет илјади се од средните стручни училишта
Според податоците на ДИЦ, 9969 ученици се пријавени за испитот по македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.
Како и во минатите години, и на оваа државна матура на вториот екстерен тест, најголем број избрале да полагаат англиски јазик, над 13 илјади. Како што објаснува директорката на Државниот испитен центар, матурантите ќе ја полагаат државната матура во своите училишта доколку ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои немаат просторни услови, ДИЦ ќе овозможи полагањето да се спроведе на факултетите врз основа на барања што му ги доставиле засегнатите училишта.
Михајловска изрази надеж дека матурантите оваа година нема да ги пробијат и да ги споделуваат тестовите, каков што беше случајот изинатата година кога неколку изолирани случаи на препишување, ставија дамка на полагањето државна матура. За надгледување на испитниот процес, ДИЦ ќе ангажира околу 2000 тестатори.
Матурантите кои во јунската испитна сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија. Минатата година, средната оценка од државната матура беше 3,25. Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година. Единствено не беше организирана пред пет години поради Ковид-пандемијата.