| |

Анета Павловска стана главен интернационален тениски судија!

Македонската тениска судијка, Анета Павловска, се стекна со престижната бронзена значка, со што стана главен интернационален судија овластен да суди на Грен слем, АТП и ВТА турнири.

„Среќна сум да споделам дека минатата недела во Париз се стекнав со бронзена значка и станав главен интернационален судија кој може да суди на Грен слем, АТП и ВТА турнири. Ова ме прави вториот судија од Македонија во историјата со овој ранг, по Климе Буловски од Охрид. Кога јас ја започнував својата судиска кариера, тој веќе престануваше да суди, така што немав многу можности да учам од него, но сепак беше добар пример кој вреди да се следи, истакна Павловска“, изјави Павловска.

Таа е втората Македонка со овој ранг, по Климе Буловски од Охрид. Испитот за значката го положи минатата недела во Париз, на терените на Ролан Гарос, каде што претходно го судеше својот прв Грен слем и првото Грен слем финале. Испитот траеше три дена и вклучуваше различни форми на тестирање, како интеракции со предавачите, теоретски и практични тестови кои симулираа реални ситуации.

Слични Објави