|

Во Прилеп ќе биде изложена честица од Чесниот Крст Христов

Во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, од 3 јуни (вторник), ќе биде изложена честица од Чесниот Крст – Крстот на кој, според христијанското предание, бил распнат Исус Христос. Оваа реликвија ќе биде достапна за поклонение во текот на наредните денови.

Настанот се совпаѓа со празникот на Светите цар Константин и царицата Елена – светителите кои, според преданието, го пронашле Крстот на Голгота. Светата реликвија ќе биде поставена во специјално изработен реликвијар вграден во икона со ликовите на светите Константин и Елена, кои го држат Крстот.

Иконата е рачно изработена од сестринството при манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Варош, а реликвијарот е донација од семејството Јончески од Прилеп.

Потеклото на реликвијата засега останува неоткриено, но од храмот велат дека станува збор за светиња од исклучителна вредност, која го вбројува Прилеп меѓу ретките места во христијанскиот свет што поседуваат честица од Крстот на Христос.

Слични Објави