Создавање пофункционална локална самоуправа – Нови иницијативи за развој и дигитализација на општините

Денес се одржа годишната конференција посветена на локалната самоуправа, организирана од Министерството за локална самоуправа и и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП со поддршка на Владата на Швајцарија. На настанот се дискутираше за клучните предизвици и можности за развој на општините, за подобрување на јавните услуги, инвестирање и дигитализација на општините со што значително ќе се подобри животот во единиците на локалната самоуправа.

Во фокусот на настанот беше поддршката за развојот на локалната самоуправа, подобрувањето на јавните услуги и унапредувањето на партнерствата помеѓу општините и граѓаните. Присутните имаа можност да ги слушнат најновите иницијативи и проекти што ќе придонесат за модернизацијата на општините и обезбедување на поефикасни услуги за граѓаните.

Конференцијата беше отворена со обраќање на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој нагласи дека Владата е посветена на поддршка на локалните заедници преку финансирање на важни капитални инфраструктурни проекти. Според министерот, 274 инфраструктурни проекти веќе се финансирани во различни општини, со цел да се подобрат условите за живот и да се зголеми квалитетот на јавните услуги.

Претставниците на општините истакнаа дека овие проекти значително ја подобруваат инфраструктурата, како и условите за функционирање на локалните самоуправи. Меѓу темите кои беа разгледувани беа и можностите за подобрување на образовната, здравствената и социјалната инфраструктура во општините, како и предизвиците со кои се соочуваат општините во процесот на развој.

Една од главните теми на конференцијата беше дигитализацијата на локалните самоуправи. Програмите за дигитализација на општините, кои ќе овозможат поефикасно управување со јавните услуги и поголема транспарентност, беа одлучувачки момент за учесниците на настанот. Повеќето општини веќе започнале со имплементација на различни дигитални алатки, кои ќе ги подобрат процесите на управување со јавни ресурси и ќе овозможат поголема вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Во текот на настанот, беше истакната важноста на правните реформи кои се на повидок, како дел од напорите за унапредување на локалната самоуправа. Од посебно значење е започнатиот процес за измена на Законот за локалната самоуправа, кој треба да обезбеди поголема контрола над работата на градоначалниците, како и нови механизми за зајакнување на комуналниот ред преку формирање на комунална полиција. Со што ќе се воведе поголема одговорност и транспарентност на локалните власти.

Сите мерки кои ги преземаме се резултат на идентификуваните приоритетни потреби на граѓаните и на општините, така и ќе продолжиме. Toa е суштината. Граѓаните да бидат задоволни, тие се корисници на придобивките од политиките што се спроведуваат на локално ниво“, истакна Перински.

Како што беше заклучено на конференцијата, напорите за развој на локалната самоуправа ќе продолжат и во следната година, со акцент на поголема вклученост на граѓаните и подобрување на условите за живот во локалните заедници.

Слични Објави