| |

„На Василица во Прилеп 2025“

Општина Прилеп го одбележа празникот Св. Василиј Велики со манифестацијата „На Василица во Прилеп 2025“. Настанот се одржа на Платото пред Градскиот саат, каде прилепчани се собраа заедно да ја прослават Православната Нова година според јулијанскиот календар.

Со традиционалниот бурек со паричка, што е симбол на среќа и благослов за новата година и топол чај, прилепчани си ја честитаа Василица. Претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска – Локвенец упати честитки за празникот, истакнувајќи ја важноста на зачувувањето на македонската култура и обичаи.

Слични Објави